Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВТОР КРУГ: Три фотографирани ливчиња и тепачка во Шутка

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВТОР КРУГ: Три фотографирани ливчиња и тепачка во Шутка

Три фотографирани гласачки ливчиња во три општини и нарушен јавен ред и мир со тепачка регистрираше Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот Тони Ангеловски информирајќи ја јавноста за досегашнит тек на вторио изборен круг локални избори рече дека минситерството засега не забележало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Сликани се гласачки ливчиња во Шуто Оризари, Црниче и Пробиштип.

Во Шутка пак имало тепачка. Едно лице пријавило напад од неколкумина други, а по излезениот увид на лице место е приведено едно лице.

Засега ова е информацијата од МВР, а Ангеловски кажа дека штом ќе се расчисти случајот јавноста ќе биде информирана што точно се случи.

Портпаролот во името на МВР упати апел граѓаните да се воздржат од инциденти и за истите да пријават.


Слично

Поврзани вести