Локални избори: Доверливиот материјал од ДИК на пат кон општинските изборни комисии
На три дена до изборниот молк Државната изборна комисија почна да го доставува доверливиот изборен материјал до општинските изборни комисии (ОИК) за локалните избори закажани за во недела.
Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца за активностите околу изборниот материјал според најавите ќе информира денеска во 9 часот.
Согласно изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на ИО ( избирачките одбори).
Македонија ќе гласа на шестите локални избори од 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Изборната кампања завршува утре во 24 часот.
