ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2017: До полноќ собирање потписи за листите на независните кандидати
Уште денеска независните кандидати за советници и градоначалници имаат време да собираат потписи за листите, додека наспроти нив политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември.
9 септември е и датумот до кога ќе трае увидот во избирачкиот список а 15 октомври граѓаните ќе избираат градоначалник.
Со изборна кампања партиите ќе почнат на 25 септември и истата ќе трае до 13 октомври.
Вториот круг за локални избори е 29 октомври а кампањата за него ќе трае до 27 октомври на полноќ.
Ждрепката за утврдување на редослед на кандидатите на гласачко ливче ќе се изврши најдоцна до 18 септември, а набљудувачите треба да се акредитираат најдоцна до 4 октомври.
Слично
