Економија, финансии, бизнис

Контакт

Локализиран пожарот во Тетово - поднесени кривични пријави

Локализиран пожарот во Тетово - поднесени кривични пријави

Ставен е под контрола пожарот во Тетово кај Жито полог каде гореше смет. 

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и раководителот на Територијалната противпожарна единица во градот, Ука Алити објаснија дека огнот на неколку пати се појавувал денеска низ сметот. Кажаа дека сега со интервенција на тетовските и гостиварските пожарникари заедно со екипа и од ЈКП Тетово, огнот е локализиран. Арифи изјави дека веќе презеле и законски мерки и пријави против можни сторители. 

„Покренавме и кривични пријави за можните сторители на пожарот на претоварната станица до полицијата за што имаме одредени сознанија и очекувам надлежните органи да преземат мерки во оваа насока за нивно откривање, пронаоѓање и соодветно санкционирање“ - вели Арифи.

Градоначалничката вели дека при крај се со процедурите за избор на фирма која ќе го транспортира сметот од дивата депонија до станицата за компресирање и претовар. Таа објасни дека подигањето на сметот од оваа дива депонија треба да започне за неколку денови. 

Алити изјави дека нешто по 8:30 часот добиле пријава дека има пожар на депонијата, по што веднаш интервенирале со едно противпожарно возило и го локализирале. Но, во текот на денот помеѓу 13 и 14 часот добиле повеќе пријави од граѓани дека има поголем пожар на дивата депонија. Силниот ветер и високите тепмератури придонеле пожарот брзо да се прошири.

Слично

Поврзани вести