Економија, финансии, бизнис

Контакт

Локален протест против коцкарница во Струга

Локален протест против коцкарница во Струга

Нема да дозволиме да никне уште едно казино во Струга и да се коцка младината во близина на нашите домови и училишта, порачаа стружани од денешниот протест против отворањето на уште една нова коцкарница во комплексот згради на влезот на градот. 
Велат дека поднеле барање за запирање на работите до надлежните институции во општината и надлежните министерства, бидејќи во блзиина има градинка и училиште.
„Овде во овој станбен комплекс ни е отворено казино... Не морам да зборувам кои се штетите, кои се лошите работи од ова казино. Сите имаме деца, внуци. Побаравме и дури во еден момент успеавме да ја прекинеме оваа работа овде и тоа во текот на летото, но тие чекаа да се намали бројот на протестанти и повторно да почнат“, рече Жарко Мукоски - стружанец. 
Бараат државата итно да ги ограничи местата каде може да се отвораат вакви дејности, а не во станбени згради, во близина на училишта и градинки. Граѓаните добија поддршка и од муфтинијата на БФИ Струга.
Предупредуваат дека не застануваат тука и дека своите предлози и барања ќе ги упатат до Владата и надлежните институции. Стружани велат дека Струга веќе не е град на поезијата, туку на коцкањето. Во Струга има педесетина казина и спортски обложувалници, некои многу блиску до училишта и градинки.



Слично

Поврзани вести