Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лојане, Битола, Бутел - инциденти само во медиумите, во ДИК не е пристигната ниту една пријава

Лојане, Битола, Бутел - инциденти само во медиумите, во ДИК не е пристигната ниту една пријава

Адмир Шабани, портпаролот на Државната изборна комисија, информира дека за сега нема ниту една поплака стигнато до нив од страна на гласачите за евентуални жалби или поплаки за време на денешните парламентарни избори и покрај тоа што медиуми известуваат дека инциденти имало во Лојане, Битола и Бутел.

- Ниту еден допис, ниту еден приговор не пристигнат до сега што би укажувал на одредени нерегуларности. Нашите вработени се во постојана комуникација со општинските изборни комисии и ги проверуваат овие информации. Официјално во архивата не е пристигната ниту една информација или приговор, рече Шабани за Канал 5.

Гласноговорникот на ДИк информира дека граѓаните бараат претежно информации за изборачките места каде да гласаат доколку таму ги нема на избирачкиот список и се упатуваат каде се наоѓаат нивните избирачки места и дека насоки им се дааваат со конкретен одговор на граѓаните


Слично

Поврзани вести