„Лојалноста на вака поставениот кадар е кон партијата и партиската врхушка“: професорката Најчевска со сериозни забелешки
При секоја промена на власта се менуваат луѓето во администрацијата, се пореметува системот на напредување и се губи логиката на постоењето на администрацијата – нејзината стручност и обезбедувањето на континуитетот во работењето на институциите.
ЕУ ни вели дека наместо да се менува администрацијата со секоја промена на власта националните органи треба да развијат политика на задржување на јавната администрација, со цел да се избегнат натамошни загуби на важна експертиза и опаѓање на административниот капацитет.
Ова го посочи професорката Мирјана Најчевкса, која важи за голем критичар на општествените случувања.
- Според ЕУ, има проблеми со раководните државни службеници, нивниот професионален развој и дисциплинската одговорност – со други зборови, партиите си поставуваат и разрешуваат раководни кадри без никакви основи и по партиска заслуга, лојалност и нелојалност.
Имено лојалноста на вака поставениот кадар е кон партијата и партиската врхушка, а не кон принципите на законитост и владеење на правото ниту пак кон граѓаните.
Ништо од ова не би можело да се случи без сесрдна и многу посветена поддршка од страна на голем број граѓани. Граѓаните го одржуваат системот на партизирана и непрофесионална администрација.
Граѓаните се тие кои вршат постојан притисок врз партиите за вработување (свое или на свои блиски). Тоа го разбираат како надокнада за тоа што ја донеле на власт конкретна политичка партија и победата на конкретна политичка партија на изборите граѓаните ја гледаат како отворен конкурс за вработување во државните институции - истакна Најчевска на Фејсбук.
Еве ја нејзината објава:
Слично
