Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОГИЧНО Е ДА ИЗЛЕЗЕМЕ СО СВОЈ КАНДИДАТ: Заев одговори кого од владините коалициски партнери СДСМ ќе поддржи во Тетово

ЛОГИЧНО Е ДА ИЗЛЕЗЕМЕ СО СВОЈ КАНДИДАТ: Заев одговори кого од владините коалициски партнери СДСМ ќе поддржи во Тетово

Премиерот Зоран Заев денеска по посетата на ТОАРИЛУЦ, одговарајќи на новинарско прашање за кандидатите за градоначалници за Тетово истакна дека е логично секоја од партиите од коалицијата да оди со свој кандидат за во вториот круг, кога би останала една владејачка и една опозициска партија, да се поддржи кандидатот од владејачките партии.

-СДСМ ќе го поддржи СДСМ. Прво ги имаме трите коалициони партнери кои што сигурно настапуваат со свои кандидати. Нашето општинско раководство вели дека и ние треба да настапиме, дел од анкетите ни кажуваат дека спаѓаме во првите три партии на локално ниво. Секако, локалните избори се избори на личност и ако навистина се мотивира вистински кандидат или кандидатка, вредно е да размислиме. Ние правиме анкети во Тетово на неколку кандидати кој што поднесоа и кандидатура во постапката на СДСМ. Деновиве ќе има разговори, ќе направиме анализи што најдобро можеме да понудиме. Со Тачи се видов пред две три недели, со Касами  пред две недели, неделава ќе се видам со Ахмети. Сите сме реалисти во делот на позиционирањето и сите сметаме на заедничко помагање бидејќи сме коалиција на централно ниво. Локалните избори се различни од парламентарни и важни се и понудените личности за градоначалници. Логично е коалициски да се поставиме. Најголем дел според мене ќе бидат коалициски настапи во првиот круг или еве според мене 50 отсто, околу 25 отсто во вториот круг, а некаде по завршувањето на изборите ќе правиме коалиција, истакна премиерот Заев.


Слично

Поврзани вести