Лога: Уставниот суд да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван рокот
По донесената одлука на Уставниот суд, со своја реакција се огласи и министерот за правда во актуелната техничката Влада, Кренар Лога, кој потенцира дека одлуката на Уставниот суд У.бр 101/2023 за укинување на уште еден пропис по поднесена Иницијатива за пречекорување на уставниот рок за објавување во Службен весник, треба да биде пример и за другите иницијативи. - Со оваа одлука се укинува Правилникот за формата и содржината на прекршочнниот платен налог, донесен од министерот за животна средина (Службен весник на Република Северна Македонија број 128/2023). Воедно во соопштението се истакнува оти „од наша страна беше најавено дека со отворањето на Пандорината кутија, Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок, по примерот на Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи.
Воедно уште еднаш од Уставниот суд бараме по службена должност да постапува и со другите прописи во државата кои се објавени во спротивност со уставниот рок во член 52 од Уставот.
Исто така, непреземањето на соодветни дејствија со цел обезбедување на почитување на уставниот рок, за кои Уставниот суд, знаел или можел да знае, подразбира основа за кривична одговорност, бидејќи тие би требало да ги следат прописите кои се објавени во Службен весник - се наведува во соопштението испратено од министерството до медиумите. 
