Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОГА СЕ ПОФАЛИ ШТО НАПРАВИЛ ОТКОГА Е МИНИСТЕР: За 9 месеци, 14 реформски закони

ЛОГА СЕ ПОФАЛИ ШТО НАПРАВИЛ ОТКОГА Е МИНИСТЕР: За 9 месеци, 14 реформски закони

Министерот за правда Кренар Лога во новогодишната честитка до граѓаните им посака добро здравје, среќа, успеси и спокојство.

-Нека 2024 биде година на мудри одлуки, одговорност и посветеност за обезбедување на квалитетен и достоинствен живот. Со меѓусебна почит и соработка, заедно да ги совладаме сите предизвици, напиша Лога во честитката. 

Во меѓувреме тој се пофали со законите кои биле донесени годинава, а биле предложени од Министерството за правда.
„ Закони кои се донесени во 2023 чиј предлагач е Министерство за правда

1.Закон за вештачење

2.Закон за Академија на судии и јавни обвинители

3.Закон за Адвокатура

Закони кои се донесени а се подготвени од Министерство за правда

1.Закон за Амнестија на прекршителите на Ковид протоколите

2. Закон за изменување и дополнување на законот за неевидентирани лица во матична евиденција

 Предлог закони чиј предлагач е Министерството за правда кои ја поминаа владината процедура

1.Предлог закон за спорт

2.Предлог закон за помилување

3.Предлог закон за Канцеларија за поврат на имот

4. Предлог закон за измени и дополнување на закон за извршување на санкции

5.Предлог на закон за изменување на законот за јавнообвинителска служба

6.Предлог на закон за изменување на законот за судска служба

7. Предлог закон за правобранителство

8. Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка

9.Закон за правда за децата“ напиша тој.



Слично

Поврзани вести