Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лога на местото на Тупанчевски, тој вели промената е како на „Пазар 3“

Лога на местото на Тупанчевски, тој вели промената е како на „Пазар 3“

Кренар Лога од Алијанса за Албанците, кој веќе беше виден како со партискиот претседател Арбен Таравари, оди на средба во Владата за евентуално проширување на коалицијата, е фаворит да биде нов министер за правда.

Станува збор за член на Државната изборна комисија,  правник од Струга, кој учел за дипломатија и дипломирал на Штуловиот факултет.

Засега, тој вели, дека не може да ја потврди информацијата и дека медиумите ќе бидат навремено известени за секоја промена, како и дека не може да зборува предвреме бидејќи не е дел од преговарачкиот процес помеѓу Алијасна за Албанците и власта.

На ваквата можна промена, своедно видно незадоволство го искажа актуелниот министер за правда Никола Тупанчевски, но додаде дека не се оптоварува со тоа и дека ќе го даде својот максимум до самиот крај додека е на функција.

- Едно од министерствата ќе биде ставено на „Пазар 3“, на „берза“, за рокади на министерстките места. Не сме оптоварени и брзата промена на министри не сум сигурен дека претставува најдобро решени, искоментира Тупанчевски.


Слично

Поврзани вести