Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИРОМАШНИОТ МАКЕДОНЕЦ СЕ ПОТПИШУВА КАКО ПРИПАДНИК НА ДРУГ НАРОД ПОРАДИ БЕСПЕРСПЕКТИВНОСТА„: Лога го повика Апасиев да ги поддржи уставните измени

„СИРОМАШНИОТ МАКЕДОНЕЦ СЕ ПОТПИШУВА КАКО ПРИПАДНИК НА ДРУГ НАРОД ПОРАДИ БЕСПЕРСПЕКТИВНОСТА„: Лога го повика Апасиев да ги поддржи уставните измени

Откако се поклони на гробовите на Јосип Брзо Тито и Енвер Хоџа, следната дестинација за поклонување на Димитар Апасиев е гробот на Бенито Мусолини, се наведува во реакцијата министерот за правда, Кнерар Лога до лидерот на Левица.

-Господине Апасиев, наместо да се гордеете дека во изводот на родени ќе стои националност- Македонец/Македонка, Вие со својата деструктивна политика по секоја цена сакате да ги држите граѓаните во заблуда за свои политички цели. Како ,,самопрогласен” борец на интернационалистите, Вие треба да водите грижа за сите граѓани и народи, рамноправно да се развиваат во својата држава. Ако денеска сиромашниот Mакедонец се потпишува како припадник на друг народ не заради добивање на извод туку поради бесперспективноста и блокадата, господине Апасиев Вие сега имате можност да ги поддржите уставните измени кои ќе ни го отворат патот во ЕУ и ќе ни овозможат подобра иднина на сите. Ден поскоро во Европската Унија, значи СТОП на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈАТА, му порачува Лога на Апасиев.


Инаку, претходно, Одлуката на македонското Министерство за правда во изводите од матичните книги на родените да се отвори нова графа за етничка припадност го предизвика вниманието на бугарската фондација Македонија која пропагира дека сега засамо 250 денари може да се дојде до бугарски пасош.

Според оваа фондација, Македонците коишто сакаат да започнат процедура за вадење бугарски пасоши е доволно само во графата за етничка припадност во изводот на родените да напишат дека се Бугари и за сето тоа ќе платат само 250 денари.


Слично

Поврзани вести