Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛОГА ИМА ПРАВО ДА СЕ ЖАЛИ, НО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПИСМАТА НЕМА ДА ГИ ИСПРАТИ ПО ПОШТА“ - Милошоски кажа зошто се неопходни реформи во правосудството

„ЛОГА ИМА ПРАВО ДА СЕ ЖАЛИ, НО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПИСМАТА НЕМА ДА ГИ ИСПРАТИ ПО ПОШТА“ - Милошоски кажа зошто се неопходни реформи во правосудството

Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ најави реформи во Судскиот совет и Советот за јавни обвинители. Токму на оваа тема зборуваше Антонијо Милошоски во изданието на „Дејли Клик“ на ТВ21.

Го коментираше тоа што актуелниот министер за правда Кренар Лога со писма ги информираше странските амбасади за најавените идни потези од страна на новата власт.

„Би кажал дека министерот во заминување Кренар Лога има право да се жали и да пишува такви писма, но се надевам дека писмата нема да ги испрати од Македонска Пошта, затоа што тоа е водено од ДУИ и е нефукционално, и може да не стигнат писмата. Во однос на темата, токму поради еден од најспособните министри Лога и неговата заменичка Мадиќ, падна довербата во правосудството на рекордни 2 отсто. Реформи се неопходни и сметам дека ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска како ветен проект пред граѓаните, да направиме реформи во овие две институции“, изјави Милошоски.

Слично

Поврзани вести