Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОГА ДО АПАСИЕВ: Неофашистот слави победа над неговиот Тито

ЛОГА ДО АПАСИЕВ: Неофашистот слави победа над неговиот Тито

Денеска неофашистот Апасиев, слави победа над неговиот Тито, коментира министерот за правда, Кренар Лога за Левица. 

„Наместо да се гордее дека е Македонец, тој се задоволува што во лична карта му пишува македонско/граѓанин на РСМ“, пишува Лога на социјалните мрежи. 


Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев претходно објави дека Уставниот суд ја прифатил Иницијативата на Левица против етничка припадност во изводите.

„Алелуја, еднаш да пресудат против етно-трибализмот кој ни ја разјадува Републиката! Кренар Лога на апарати!“, пишува Апасиев. 


Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните да бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.

Слично

Поврзани вести