ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ЗА НЕГО Е ОБВИНЕНИЕТО ЗА ОДДАВАЊЕ ДРЖАВНА ТАЈНА - вели дека не се плаши и ќе објави многу материјали
Љупчо Палевски-Палчо, во видео кое го објави на својот фејсбук профил, практично признава дека тој е лицето кое е обвинето од Основното јавно обвинителство Скопје, за продолжено кривично дело - Оддавање службена тајна, согласно член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Тој во видеото од Обвинителството ги нарекува воајери кои цело време ги следеле активистите на Бојкотирам, и искажува еден куп погрдни зборови и за обвинителите, и за премиерот. Тврди дека нема да го замолчат, како и дека денеска Обвинителството си го признало своето дело, а тоа, како што рече, е прислушувањето.
„Денеска конечно обвинителствбото си го призна сопственото дело, а тоа е да прислушуваат, и 2017 и 2018 година, и дека традицијата да се прислушуваат секакви активисти и борци за човекови права, продолжува. УБК, денешна АНБ се занимаваат само со воајерство и прислушување на граѓани, овластено, неовластено, небитно. Не е битно ни кој прави проценка. Но, денеска сум радосен за прв пат во мојот живот што поднесовте кривична пријава.
Е па вака, да ве поздравам многу, дека Љупчо Палевски објавил службена тајна која некој друг му ја доставил, и не е битно кој му ја доставил. Љупчо Палевски во тие писанија, е организатор и идеолошки инспиратор на атентат на премиер. На премиерот не му фали влакно. Вие бидејќи сте во паника и се решивте после 10 месеци да поднесете кривична пријава за оддавање службена тајна. Е овој пат ја признавате содржината на службената тајна, а тоа е прислушување на сите активисти на ‚Бојкотирам'. Но нема да ме исплашите“, вели Палевски.
Најавува дека ќе достави многу повеќе материјал од претходно и најавува дека ќе игра до крај.
„Јас на пресот прашав зошто ако сум обвинет за такво кривично дело, три години не сум повикан во Обвинителство“, вели Палевски во видеото.
