Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Николовски за упадот во Собрание: Македонија беше на колена, се исправивме и тргнавме по вистинскиот пат

Љупчо Николовски за упадот во Собрание: Македонија беше на колена, се исправивме и тргнавме по вистинскиот пат

Актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николовски со емотивен статус на социјалните мрежи се потсети на крвавиот четврток , токму пред една година, кога толпа народ влезе во Парламентот и нападна пратеници.

Николовски беше меѓу повредените пратеници.

„Помина една година откако кулминираше теророт кој го вршеше насилната и криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Бевме сведоци на државени удар и обид за убиство на пратениците во парламентот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоа што се случи пред точно една година беше обид да се урне државата и да се прегазат основните човечки права. Македонија беше на колена. Но, секој голем пад е можност да почнеме одново, да се исправиме, и да тргнеме по вистинскиот пат. Пред една година одлучно започнавме процес на повторно градење на државата и враќање на вербата кај граѓаните. Започнавме да градиме општество во кое насилството ќе биде силно казнето, каде граѓаните ќе се чуствубаат безбедно а институциите ќе ги штитат и работат за нив.
Ова зло никогаш да не се повтори.
27.04.2017“-напиша министерот на Фејсбук“



Слично

Поврзани вести