Љупчо Николовски: Во вторник одлука за употреба на службените возила
Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски во емисијата „10 Минути“ синоќа на ТВ21 рече дека во вторник Владата на седница ќе донесе одлука со прецизни детали за ограничување на употребата на службените возила на функционерите.
„Во владина процедура во вторник ќе биде донесена одлука за употреба на службените возила која што точно и јасно ќе пропишува кој може да располага со службеното возило кај директорите на централно и локално ниво. Одлуката предвидува да не може да се користи службено возило за одење дома од работа и за одење од дома на работа.
По извршувањето на службеното дејство возилата ќе мора да се паркираат на точно утврдени места. Го регулираме опсегот кој се ќе може да го прави тоа, јасна е постапката, има многу процедури“, рече Николовски.
