Љупчо Николовски: Спорни се прагот на новостекнатиот имот и надлежноста кој ќе ја иницира конфискацијата
Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски дека додека се изработува Законот за потекло на имотот, спорно за работната група која ја изработува драфт-верзијата е колкав да биде прагот на новостекнатиот имот кој ќе треба да алармира можна корумпираност. Покрај веќе споменатите 30.000 евра како праг кој не може да се докаже, нова варијанта е лимитот да биде нови 2 милиони денари стекнати за една година за кои сопственикот ќе нема објаснување од каде му се стекнати.
„Едно од прашањата е границата која што се отвори, за износот над кој ќе треба да се проверува. Преку физибилити студија со Советот на Европа констатиравме дека не функционира системот за конфискација, во регионот износот на средства кои не можете да ги докажете се на пример во Србија - за три години 150.000 евра ако немате објаснувате, тогаш се отвора постапка. Во Британија е 50.000 фунти. Дискутиравме за прагот и дефиниравме или да биде 30.000 евра или 2 милиони денари кои во претходната година го има повеќе во однос на лани и се отвара постапка ако нема објаснување, рече Николовски на денешната прес-конференција.
За работната група спорно е кој да ја иницира истрагата како надлежен орган, а според Николовски, последната варијанта е тоа да го прави Управата за финансиска полиција.
„Спорна е надлежноста, се зборува за меѓуресорско тело на повеќе институции да биде надлежно да ги иницира постапките, но сега ставот е Финансиска полиција да ги иницира, а државното правобранителство да ги застапува случаите пред судовите.
Државната комисија за борба со корупцијата не може да отвора постапки ако не се функционери, а може да се префрла имот од едно на друго име, но со овој закон не може да се скрие имотот и ќе треба да се докажува самото потекло. Граѓанската постапка е прифатлива за сите страни“, додаде Николовски.
Тој дополни дека во овој момент работната група има повторно состаноцисо судии и обвинители и во скоро време ќе финишира финалната верзија за која подоцна ќе има дебата со стручната јавност и со коморит, а ќе биде испратена и во Венецијанската комисија.
„Веруваме дека во најскоро време ќе излеземе во јавноста, но очекувам работната да не информира дека конечната драфт-верзија е готова“, најави Николовски.
