Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Николовски: Со закон за потекло на имот и капитал ќе се конфискуваат нелегалните стекнувања на функционерите

Љупчо Николовски: Со закон за потекло на имот и капитал ќе се конфискуваат нелегалните стекнувања на функционерите

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата, коментирајќи го на денешната прес-конференцијата извештајот на ГРЕКО, во април најави изработување на Закон за потекло на имот и капитал.

- Со овој закон ќе се отвори патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот, а истиот го изработуваме со канцеларијата на Европската Унија во Скопје, најави денеска Николовски.

Според сегашниот закон, Државната комисија за спречување на корупцијата нема право да ја следи имотната состојба на избраните и именувани функционери по завршувањето на мандатот.

На крајот на минатата година Министерството за правда и Кабинетот на вицепремиерот Николовски изработуваа компаративна анализа за потребата од овој закон.



Слично

Поврзани вести