Љупчо Николовски: Разгледуваме апликации за шест директори и заменици
Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата, објави дека Владата во моментов разгледува апликации за избор на шест директори и заменици-директори. Ова следува откако Владата доби многу критики дека во последен период намерно именува вршители на должност на директорските позиции за да не мора да ги селектира преку јавен оглас.
„На денешната комисија за именување разгледувавме апликации за 6 огласи за директорски и заменик директорски места. Кандидатите ги доставија своите биографии, мотивациско писмо, план и програма за работа и сите останати потребни документи“, објави Николовски без да напомене за кои позиции станува збор.
Според генералниот секретар на СДСМ, ваквата пракса мора да стане нормален и очекуван процес на поставување функционери во нашата држава.
„Како претседател на комисијата за именување, ќе се осигурам ваквиот процес на назначување да стане правило и понатаму“, додава тој.
Слично
