Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ - денеска му ја предаде функцијата на Миле Зечевиќ

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ - денеска му ја предаде функцијата на Миле Зечевиќ

По неколку години на една од најбитните и најистурените партиски позиции, Љупчо Николовски заминува од местото генерален секретар на СДСМ. Оваа битна партиска функција денеска тој му ја предаде на неговиоот наследник, Миле Зечевиќ, долгогодишен партиски член и поранешен организациски секретар на партијата. 
„Утрово официјално му ја предадов функцијата генерален секретар на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија на Миле Зечевиќ.

Искрено му посакав многу успех во идното работење на оваа битна функција. СДСМ е најбројна, најмодерна европска партија и сигурен сум дека функционирањето и организацијата на партијата ќе продолжи по патот на единството и социјалдемократските вредности.

Во изминатиот период направивме многу значајни чекори кон модернизирање и дигитализирање на партијата, се реорганизираше теренската работа и се спроведоа внатрепартиски избори, се стави во функција Центарот за истражување и аналитика на СДСМ, се формираше и Call Center за добивање на прецизни податоци врз кои се носат планираните активности во рамки на партијата, за првпат се организираше и дигитален Конгрес, се воведе Кодекс на однесување на членовите на СДСМ а се воведе и мониторинг систем врз работата на Општинските организации.

Од сè срце се заблагодарувам на сите партиски членови со кои работевме во изминатиов период!“, напиша Николовски на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести