Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ МУ ГО ЧЕСТИТА БРАКОТ НА СВОЈОТ КОЛЕГА БОЧВАРСКИ - вчера имало веселба, објавени фотографии

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ МУ ГО ЧЕСТИТА БРАКОТ НА СВОЈОТ КОЛЕГА БОЧВАРСКИ - вчера имало веселба, објавени фотографии

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски му го честита бракот на својот колега министерот Благој Бочварски. 

Објавена е и фотографија на која се наоѓаат тој, неговата сопруга, заедно со министерот Бочварски и сопругата.

„Среќен брак Маринела и Благоj“, се вели во објавата на Николовски. 


Во меѓувреме, осамна уште една фотографија од синоќа од хотелот Александар Палас, на која се сликани неколку дами, меѓу кои и вицепремиерката Славица Грковска, како и министерките Славјанка Петровска и Јована Тренчевска, како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

 Не се знае за која веселба станува збор.

Инаку, во мај годинава медиумите, меѓу кои и Женски магазин, објавија дека се ожени министерот за транспорт Благој Бочварски, со 12 години помладата избраничка на неговото срце, Маринела. 

Не е јасно каква веселба се одржувала вчера.

Слично

Поврзани вести