ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: Кочи Мицко, изборите имаат и втор круг, победивме во првиот или имаме голема предност во 27 општини
Љупчо Николовски, шеф на зиборниот штаб на СДСМ му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на не креира лажна еуфорија, бидејќи тие ќе победат во 27 општини.
„Уште еднаш благодарност за сите што излегоа да гласаат. Најдоброто доаѓа од СДСМ и коалицијата и е подобро од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ победува во Скопје, Петре Шилегов ќе биде новиот градоначалник, води уште во првиот круг пред Арсовска“, рече Николовски.
Покрај Град Скопје, според него, СДСМ победува уште во првиот изборен круг или води и влегува со сигурно водство во втор круг во најмалку 27 општини и тоа Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Берово, Кривогаштани, Кочани, Карпош, Цнтар, Пробиштип, голема предност има во Шуто Оризари, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Наврово Ростуше, предност во Македонска Каменица, Шашка, Росоман, Ново Село, Старо Нагоричане, Лозово и се разбира на Ниво на Град Скопје. Водат, вели, убедливо и во други општини каде што или немаат кандидати или водиме пред нив, како што се Куманово, Долнени, Дебарца, Струга и други градови.
„ВМРО-ДПМНЕ нерационално се обидува да конструира лажна еуфорија и тоа е показател за политичката неукост на Мицкоски. На него му порачуваме дека ова не е арена за навивање, туку натпревар за да се обезбеди подобар живот на народот. Локалните избори секогаш имаат и втор круг, затоа кочи Мицко, граѓаните знаат дека СДСМ го има најголемиот коалиционен капаците на полтичката сцена, СДСМ и најголемата најразнолика коалиција ќе ги добијат овие избори, СДСМ ќе освои поголем број градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ победува и во Скопје, ВМРО ДПМНЕ е поразено“, рече Николовски.
Вели дека во Битола предноста е на нивна страна со гласовите кои ги освоил Горан Милевски од СДСМ.
