Љупчо Николовски избран за шеф на изборниот штаб на СДСМ
Генералниот секретар на СДСМ, Љипчо Николовски, е избран за шеф на изборниот штаб на владеачката партија за предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.
Ваква одлука донесе Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз што се одржа синоќа, а поранешниот министер за земјоделство, кој ја напушти Владата за да се посвети на партијата, бил предлог на претседателот Зоран Заев.
„Благодарам на довербата од претседателот Зоран Заев и од сите членови на Централниот одбор на СДСМ. Макотрпно ќе работиме секој ден, секој час, со граѓаните, со членовите, со волонтерите, со граѓанските организации, со сите прогресивни сили во земјава. Одиме на победа на 12-ти април“ објави синоќа Николовски.
Слично
