Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Николовски и Зоран Заев денеска ќе објават голем акциски план против корупција

Љупчо Николовски и Зоран Заев денеска ќе објават голем акциски план против корупција


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, денеска како што беше најавено, треба да објават голем акциски план за борба против корупцијата и криминалот.

Според Николовски, планот ќе ги содржи сите забелешки, препораки и барања на невладините организации, на Граѓанската платформа за борба против корупцијата, на „Транспаренси", на Државната комисија за спречување на корупцијата, на регулаторните тела и сите забелешки и препораки од стратешкиот партнер-САД, Извештајот на ЕК, и од сите релеватни институции кои ја следат состојбата во државата.

-Со тоа ќе побараме отворање на широк фронт, пред се политички, со максимална поддршка на сите чинители ако сакаме да си ја средиме земјата, ако сакаме да имаме систем, ако сакаме законот да важи за сите-дајте да ги имплементираме сите оние барања кој до нас се испорачани. Мојот кабинет активно работеше на нивно детектирање, на сублимирање и ние тоа на Влада ќе го понудиме и објавиме и бараме секој чесен и одговорен човек, што и мисли добро на оваа држава, понатаму да не ги блокира, туку да даде поддршка, помош и поткрепа на сите овие работи, најави генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупцијата, Љупчо Никловски.



Слично

Поврзани вести