Љупчо Николовски го достави предлогот за состав на кабинетот во Собрание
Извесниот министер за замојделство Љупчо Николовски во име на СДСМ пред околу 15 минути во Собрание го донесе предлогот за состав на новиот владин кабинет, дознава Фактор.
Собраниските служби го пречекаа Николовски каде што се очекува да биде заверен предлогот во архивите на собранието.
Пред претседателот на собранискиот архив се очкеува Николовски да образложи што донел.
Сега Талат Џафери може да закаже седница, а најбрзиот рок е во вторник, со што може да се очекува идната влада да се гласа во четврток или петок.
Вечерва на Бихаќка членовите на Централниот одбор го прифатија предлогот на мандатарот за „дрим тимот“ од министри кои ќе управуваат во владата.
Вкупно 17 министри ќе седнат во министерските фотелји.
Слично
