Љупчо Николовски: Цветан Трипуновски купил авионски билети ама не ги искористил
Пратеникот Љупчо Николовски ги демантира изнесените тврдења на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ дека плаќал престој во луксузни хотели додека престојувал во странство. Вели дека негова работа било од тие патувања да обезбеди нови пазари за македонските земјоделци. Тој тврди дека неговиот наследник Цветан Трипуновски е тој кој купил авионски билети за пат во Словенија но дека не ги искористил
„Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер. Ние повторно сме сведоци на небулозни и смешни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, кои во рекордно време успеаја да ги влошат односите со сите соседи и да ги расипат напорите за изградба на соработки во последните седум години. Овие напори резултираа со зголемен извоз на вино и земјоделски производи, учество на врвни саеми и промоција на нашите производи.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со обвинувања насочени кон ексминистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство велејќи дека додека бил на чело на институцијата плаќал по 500 евра за ноќевање во хотели низ Европа и САД.
