Љупчо Николовски користел одмор, но нема информација каде одморал
Вицепремиерот Љупчо Николовски користеше три слободни денови од неговиот лански годишен одмор во согласност со Законот за работни односи и од денеска тој е на своето работно место, информираат од неговиот кабинет.
„Вицепремиерот Николовски продолжува со силен интензитет во реализација на владиниот антикорупциски план“, додаваат оттаму.
Сепак, нема информација каде одморал Николовски.
Министерот Венко Филипче забрани одмор за лекарите, а Драги Рашковски и Љупчо Николовски лудуваат во Мексико и Дубаи, обвинија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
