Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ не е заштитник иако сака да се претстави како противник на Тиранската платформа

Љупчо Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ не е заштитник иако сака да се претстави како противник на Тиранската платформа

Лидерот на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски во емисијата „Отворено“ на телевизија 24 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е заштитник иако сака да се претстави пред граѓаните како противник на Тиранската платформа. 

Објаснува дека она што не е уставно од албанската платформа  дури и да помине во Собранието има Уставен суд кој може да пресече. 

„Сè што не е уставно, законски се сече преку Уставен суд. Тука има едно друго прашање. Јас сум скептик за таа тиранска платформа дека така лесно ќе помине. Сè е пропаганда од едната и од другата страна. Јас лично сметам дека Охридскиот рамковен договор е затворен, но самата демографска промена на Македонија, самата промена на структурата на населението можеби отвара можност да зборуваме за некои права во одредени области“ - вели Георгиевски. 

Но, додава дека во една ваква ситуација тоа може да доведе до нови протести. 

За граѓаните кои протестираат вели дека СДСМ ги доживуваат дека нешто продаваат, а ВМРО-ДПМНЕ ги штити. 

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вели дека треба да се видат сите аргументи за да се каже која била крајната цел на упадот во Собранието. Според него, платформата е технички, сумарен извештај и „лепило“ на албанските гласови. За знаменцето на Република Албанија кое го стави на бирото новиот спикер, Талат Џафери вели дека би било лицемерно и дволично да не го истакне, но тврди дека тоа не е провокација. 

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ вели дека треба да ги спроведат економските реформи, кои ќе ги почувствуваат граѓаните. Додава дека треба да се изгради едно општество за сите и да нема поделби. 

Слично

Поврзани вести