Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Димовски сепак ќе оди во притвор

Љупчо Димовски сепак ќе оди во притвор

Екс министерот за земјоделство, Љупчо Димовски сепак ќе оди во притвор.

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања попладнево го прифати со пет гласа „за” и четири „против”  барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од  скопскиот Кривичен суд, и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.

Тој заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште. Со тоа се товарат дека предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Цветков и Делев добија притвор од 30 дена, додека Спасеноски  заврши во куќен притвор. 

Слично

Поврзани вести