Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љупчо Димовски, избран за лидер на Социјалистичката партија: Го наследи Ѕинго кој 25 години беше на чело на СПМ

Љупчо Димовски, избран за лидер на Социјалистичката партија: Го наследи Ѕинго кој 25 години беше на чело на СПМ

Досегашниот генерален секретар на СПМ, Љупчо Димовски, е новоизбраниот лидер на Социјалистичката партија на Македонија, а функцијата ја презема откако денеска во Кратово на деветиот Конгрес на партијата делегатите едногласно го избраа. Тој го наследува Љубисав Иванов, кој до крајот на својот живот беше лидер на СПМ.

Прва честитка за лидерската функција, Димовски ја доби од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој смета дека неговиот избор е вистинско решение.

-Честитки за изборот на Љупчо Димовски за прв човек на СПМ. Вистинско решение. Чесен и искрен човек кој ја сака и покажа како се бори за Македонија и покрај сите напади и бури! Љубац, пријателе, заедно да го победиме ова зло и да се избориме за Македонија, до самиот крај, напиша Мицкоски.


Слично

Поврзани вести