Љупчо Димовски има стан од 200.000 евра и три девизни сметки
Љупчо Димовски пријави три девизни сметки во новиот анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција како нов министер за политички систем и вицепремиер во владата.
Лидерот на „Социјалистичка партија“ и поранешен пратеник овој пат има стан во центар од 113 квадратни метри чија проценета вредност е зголемена на 11.800.000 денари. Станува збор за недвижнина во негова лична сопственост добиена преку наследство. Во претходниот лист беше наведено дека тој вреди само 6,9 милиони денари и не беше наведено во чија сопственост е.
Од подвижен имот има volkswagen tiguan од 2014 што би вредел околу 15.000 евра. Пријавен е и подвижен имот од 20.000 евра што не е задолжително да се регистрира, но не е наведено поконкретно за што се работи. Единствено е наведено дека е стекнат во 1970 година.
Има две девизни сметки, една во евра и една во долари, како наследство и уште една девозна сметка во долари како лична заштеда. Димовски има штеден влог и трансакциска сметка во денари.
Во меѓувреме има подигнато заем кој нараснал на 50.000 евра.
