ЉУБОВТА НА ЕРДОГАН: Заев најавува учество на Македонија во производство на турски вакцини и 10 нови инвестиции
Утврдивме најмалку 10 странски инвестиции во зона којашто ја разработуваме, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со работната вечера вчера со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Вели дека компаниите се од преработувачка индустрија и дека е нешто што подолго се разговара. Заев вели дека целата средба била конструктивна, а аголем дел се разговарало и за НАТО сојузот во кој Турција е сериозен поддржувач. Макеоднија сега набавува армиска опрема од Турција, но, вели Заев, оваа земја била и голем донатор на опремата во претходниот период.
Вчера вечерта министерот Венко Филипче кој го придружуваше премиерот на вечерата објави дека од Турција ќе добиеме 30.000 дози Синовак вакцини. Денеска премиерот вели дека тоа е резултат на големата љубов на Ердоган и дека вакцините се даваат на наше барање затоа што моментно имаме недостиг.
„Поради големата љубов на Ердоган но излегоа во пресерт со 30.000 вакцини, на наше барање. Ќе стигнат за седум до 10 дена. Секако разговаравме и за други приоритети, нашата поставеност во НАТО но и некои работи за кои детали не можам да откријам затоа што се стратешки, а ќе се откриваат во следниот период. Ќе ви соопшти и министерот Филипче во однос на тоа што ќе правиме со производството на турските вакцини, но се зборуваше и за дроновите околу граничните појаси и многу други детали, рече Заев.
