Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубомир Јовески за денеска најави апсења за Меѓународниот сојуз на Јовановски

Љубомир Јовески за денеска најави апсења за Меѓународниот сојуз на Јовановски

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска откри дека се отвора посебен случај за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, во кој се вклучени вкупно шест осомничени лица. Шестиот е правен субјект, што останува да се види дали е тоа Меѓународниот сојуз. Еден веќе е во притвор, што може да се претпостави дека е Боки 13.

Тоа значи дека истрагата за случајот „Рекет“ се проширува на уште четири лица за перење пари и помагање во делот на измамата.  Јовески најави дела осомничените ќе бидат уапсени денеска а обвинителката која го води случајот Вилма Русковска ќе одлучи дали ќе побара притвор. За едно лице најверојатно ќе биде предложен притвор, а за три мерки на претпазливост.

Сите помагале во трансферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“. Според Јовески, тие се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање, а меѓу нив има досега сослушани и несослушани.

Слично

Поврзани вести