Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубомир Јовески подготвен за уставен судија

Љубомир Јовески подготвен за уставен судија

Актуелниот републички обвинител Љубомир Јовески ќе биде нов уставен судија и е еден од тројцата фаворизирани кандидати на власта кои треба да се преселат кај Добрила Кацарска, претседателката на ова асудска инстанца.

Јовески во изјава за „ТВ 24“ вели дека е подготвен да го прифати предизвикот доколку пратениците сметаат дека може да придонесе во работата на Уставниот суд.

-Чест е да се биде уставен судија и тоа е највисокиот дострел на секој правник. Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција, смета Јовески.

Тој треба да биде еден од деветте судии кои го чинат Уставниот суд, откако кон крајот на мај и почетокот на јуни мандатите им истекоа на тројца. 

Слично

Поврзани вести