Љубомир Јовески е владиниот предлог за јавен обвинител
Љубомир Јовески е владиниот предлог за државен јавен обвинител. Заклучокот е донесен на денешната седница, по што e испратен до Собранието, кое го има последниот збор.
Од Владата велат дека одлуката е донесена врз основа на професионалната биографија и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители, чијшто член е Јовески.
За неговиот избор е потребен 61 глас од пратениците.
Доколку предлогот се изгласа во Собранието, тој ќе дојде на позицијата што до неодамна ја држеше Марко Зврлевски.
Слично
