Љубомир Фрчкоски ќе биде амбасадор во Њујорк наместо во Вашингтон
Нема официјална потврда дека Владата веќе ја започнала постапката за именување на Фрчкоски за шеф на Мисијата на Северна Македонија во Обединетите нации, за што не е потребна согласност од организацијата домаќин.
Љубомир Фрчкоски ќе биде шеф на Мисијата на Република Северна Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, дознава „360 степени“. Откако надлежните институции ја прекинаа постапката за негово назначување за амбасадор на земјава во Соединетите Американски Држави, по кампањата што против него ја поведе Обединета македонска дијаспора (ОМД), заминувањето во Њујорк би било „утешна награда“ за Фрчкоски.
Слично
