Љубомир Фрчкоски го напушти Правниот факултет на УКИМ, Цаноски го ангажира
Љубомир Фрчкоски по 30 години го напушти „Јустинијан Први“ на УКИМ и најде нов ангажман како декан на Правниот факултет на ФОН Универзитет.
Веста ја потврди генералниот менаџер на ФОН, Сефер Цаноски, кој објави дека поранешниот министер за внатрешни работи и аналитичар на поравно-политичката ситуација во Македонија државниот факултет го менува со приватен.
„Студентите на Универзитетот ФОН во новиот семестар со нов професор и нов декан на факултетот за правно - политички науки - ПРОФ. Др. ЉУБОМИР Фрчковски.
Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи ,Современи политички теории и др. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март. Нека е среќно и многу успеси !“, напиша Цаноски на својот профил на Фејсбук.
Фрчкоски инаку дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.
