ЉУБЕЗНИ ЛУЃЕ И НЕЧИСТИ ПЛАЖИ: Колкава оценка дадоа странците за Македонија?
Странските туристи најзадоволни се од однесувањето на луѓето во земјава, а најнезадоволни од патната инфрастуктута и од хигиената на плажите.
Според анкетата на Државниот завод за статистика (ДЗС) најдобро е рангирано однесувањето на луѓето (4.62), а најлошо патната мрежа (3.11).
Многу добар, 4 е оцената што странските посетители ја дале за Maкедонија.
За сместувањето странците дале просечна оцена (4.56), за археолошките локалитети (4.38), за природната средина (4.37), за рестораните (4.18), за безбедноста (4.12), за аеродромските услуги (3.93), за здравствените услуги (3.92), за забавата и ноќниот живот (3.98), за хигиената на плажите и езерата (3.71), за хигиената на јавните места (3.68), за објектите на плажата (3.67).
Од јануари до јули во земјава имало 17.6% повеќе странци во споредба со истиот период лани. Најбројни последниве месеци се гостите од Турција, Холанѓаните, но и туристи од соседството.