Љубе Бошковски утре ќе ја слушне пресудата за „Кампања“
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски утре од Основниот кривичен суд Скопје треба да ја слушне пресудата во повтореното судење за случајот „Кампања“.
Станува збор за повторената постапка каде актуелниот владин соработник веќе беше осуден на пет години затвор кои ги одлежа во затворот „Идризово“.
На барање на Бошковски, повторното судење започна пред околу две години, или десет години по неговото фамозно апсење пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања.
Адвокатскиот тим сметаше дека на Бошкоски му се прекршени правата на фер судење во однос на повикувањето и испитувањето сведоци и во такви услови тој, според одбраната, бил осуден на пет години затвор.
