Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубе Бошковски и полицајците од МВР ослободен од вина за помагање на убиството на Тушевски и Јанев

Љубе Бошковски и полицајците од МВР ослободен од вина за помагање на убиството на Тушевски и Јанев



Љубе Бошковски, поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен советник во Владата, е ослободен од обвинението за помагање на двајцата членови на подземјето Марјан Тушевски – Боксер и Кире Јанев – Бамбус кои беа убиен ноќта меѓу 10 и 11 јули  во 2001, пред кафулето “Панта реи” во близина на кафе барот “Витраж” во Капиштец од двајца професионални егзекутори.

Судијата Илија Трпков изрече ослободителна пресуда за Бошкоски, како и за двајца други обвинети, додека за егзекуторите, кои не се достапни за органите на прогонот, е изречена доживотна казна затвор.

Од 2015 година.започна третото судење за случајот „Ровер“ Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка ги прогласи сите обвинети за виновни. Бошкоски тогаш беше осуден за помагање убиство и доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, а Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.

Ослободителна пресуда за двојното убиство добија обвинетите членови на МВР -  Трајковски, Јовановски, Ристиќ, Митревски, Негриевски и Вукичевиќ. Тие се товареа дека имале информации за убиството, но не презеле ништо.

Tројцата српски егзекутори Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ, како и веќе починатиот Предраг Чубрило добија доживотни затворски казни. Илиќ и Ковачевиќ не се достапни за полицијата.


Слично

Поврзани вести