Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубе Бошковски доби ослободителна пресуда за „Кампања“

Љубе Бошковски доби ослободителна пресуда за „Кампања“

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски доби ослободување од Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Кампања“.

Судските трошоци ќе баднат на товар на буџетот на државата, а судот ја става надвор од сила старата пресуда.

Стануваше збор за повторената постапка каде актуелниот владин соработник веќе беше осуден на пет години затвор кои ги одлежа во затворот „Идризово“.

На барање на Бошковски, повторното судење започна пред околу две години, или десет години по неговото фамозно апсење пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања.

Адвокатскиот тим сметаше дека на Бошкоски му се прекршени правата на фер судење во однос на повикувањето и испитувањето сведоци и во такви услови тој, според одбраната, бил осуден на пет години затвор.


Слично

Поврзани вести