Љубе Бошкоски тврди дека во затвор го терале да пие седативи
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма изјави дека додека бил во истражниот затвор на некој начин го дрогирале со седативи.
Тој рече дека го присилувале да пие таблети за смирување.
„Морав пред нив да ги пијам таблети од кои се создава зависност. Ми даваа седативи кои ги надминуваат нормалните дози. Во целиот процес бев само физички присутен, ако ме видите на снимките од процесот таму е некој друг Љубе“ - рече Бошкоски.
Тој вели дека пред затворските службеници морал да ги пие таблетите.
Слично
