Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубе Бошкоски ја искоментира победата на Пендаровски

Љубе Бошкоски ја искоментира победата на Пендаровски

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски преку социјалните мрежи но и лично му ја честиташе победата на новиот шеф на државата.

Според Бошковски победата на Пендаровски отворила врати кон, кон новата европска реалност на земјава и конечно – кон иднината. 

„Членството на Обединети за Македонија, како дел од оваа коалиција, покажа зрелост и доблест масовно да застане во одбрана на европската иднина на нашата земја. Гласавме за иднината, за земјава да стане добредојден партнер на целиот свет - модерна земја на среќни луѓе. Апелиравме за размисла со студена глава и жешко срце за иднината на Северна Македонија.

Нашиот најдобар коалиционен партнер беа, се и остануваат граѓаните. Многу разговаравме со нив во ова предизборје. Посетите и разговорите со граѓаните беа издржана анализа понудите на претседателските кандидати – за соочувањето на европската иднина или повторното враќање во маѓепсаните кругови на изолацијата на ДПМНЕ“, пишува Бошковски на социјалните мрежи.

Македонија на шестите претседателски избори го изгласа кандидатот на СДСМ и коалицијата Заедно напред Стево Пендаровски.

Слично

Поврзани вести