ЉУБЧО НА УНИКАТЕН НАЧИН ГО ЧЕСТИТА ГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРАЗНИК СВЕТИ САВА: „Се велат Македонци ама дишат како Срби“
Празнувањето на големиот српски празник Свети Сава, не помина без честита од Љубчо Георгиевски.
„Честит Свети Сава!
На сите Срби кои се доселени во Македонија и го нашле својот дом тука.
На сите Србо-македонци (сами така се викаат).Кои се автохони Макендонци ама нивните предци пред три или четири генераци го земале србскиот идентитет.Велат дека комунистите со сила ги македонизирале и сега имаат преродба со општа подршка на општеството.Се радувам што нивната бројка станува поголема секој ден.
На чистите Македонци кои размислуваат како Срби.Нивниот гео-полтички поглед на светот е српски.Нивниот историски поглед на светот е српски.Се поистоветуваат со српската култура и посебно музика.Светскиот спорт го гледаат само преку српскиот спорт дури и наспроти македонскиот.Се велат Македонци ама дишат како Срби.
Се надевем дека сите тие со доминантната контрола и моќ што ја имаат во македонското општество ќе помогнат во европската интеграција на државата“, напиша тој на социјалните мрежи.
