Љубчо Георгиевски: Влеговме во една голема дипломатска замка
Лидерот на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски на својот Фејсбук профил пишува дека билатералните разговори со Грција, придонеле за влегување на Македонија во една дипломатска замка.
„Имам чувство дека со билателарните разговори со Грција влеговме во една голема дипломатска замка. Што поскоро треба да се вратиме на Нимиц и да се побара тој да ги дава предлозите а добро е тој и да ги води преговорите“ - напиша Георгиевски.

Вчера на прес-конференција шефот на македонската диломатија, Никола Димитров рече дека Горнамакедонија ако се изговори брзо, зборот Македонија нема ни да се слушне, а подоцна лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека тие се против името Славомакедонија.
Слично
