Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЛИБЕРАЛЕН: Не гледам зошто се прави проблем да се признае бугарското малцинство во Македонија

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЛИБЕРАЛЕН: Не гледам зошто се прави проблем да се признае бугарското малцинство во Македонија

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не гледа зошто се прави проблем за да се признае бугарското малцинство во Македонија.

„Најголем проблем од тоа што можев да сфатам е проблемот со малцинството, да се признае бугарско малцинство во Македонија. Јас навистина сметам дека тоа не е никаков проблем, и ние сами си измислуваме проблеми во Македонија“, вели Георгиевски.

Тој вчера и ексклузивно посочи дека прв креатор на договорот за соработка со соседна Бугарија бил Борис Трајковски.

Според Георгиевски, Трајковски тогаш бил заменик министер за надворешни работи.

„И тој ја доби таа задача да преговара. И го правеше тоа со волја“, вели Георгиевски.

Слично

Поврзани вести