Љубчо Георгиевски ја пофали Албанија, има и забелешка за Бугарија
Екс премиерот и претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, ја фали Албанија за напредокот во инфраструктурата. Тој вели дека нашиот западен сосед имал голем економски развој во последните години, а од друга страна, има забелешка за Бугарија во однос на нејзината инфраструктура и поврзаност со Македонија.
„Неколкупати патував по автопатот Блаце-Приштина-Тирана, но другиот ден отидов специјално да патувам по автопатот Тирана-Ќафасан, кој се одвива со невидена брзина, и автопатот Тирана-Дебар, кој ме импресионираше особено со живописниот пејзаж низ кој минува, но и со бројните тунели и мостови“, вели тој.
Според него, економскиот развој на Албанија е невиден во последните десет години.
Вели дека Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема изградено никакви инфраструктурни проекти кон Македонија.

