Економија, финансии, бизнис

Контакт

Љубчо Георгиевски и ВМРО-НП: Поради изборниот модел кој го форсираше ВМРО-ДПМНЕ сега Македонците се најмалку застапени во Собранието

Љубчо Георгиевски и ВМРО-НП: Поради изборниот модел кој го форсираше ВМРО-ДПМНЕ сега Македонците се најмалку застапени во Собранието

ВМРО-НП и претседателот на партијата Љубчо Георгиевски по одржаните избори го обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека поради некооперативноста да се промени изборниот модел од шест во само една изборна единица Македонците како етникум се најмалку застапени во досегашните пратенички состави во македонското Собрание.

- За жал мораме да констатираме дека и на овие избори се потврди тоа дека изборниот модел е надминат и дека големите партии се непотребно фаворизирани со свој систем, а малите политички партии претрпуваат порази несоодветни на нивните гласачки тела.

ВМРО-НП со жалење констатира дека благодарејќи на изборниот модел кој го фаворизира ВМРП-ДПМНЕ доживуваме македонскиот етникум да е најмалку застапен досега во историјата на македонските избори.

Исто така ги повикуваме стратезите на ВМРО-ДПКНЕ кои се бореа за овој изброен модел да признаат дека овој пат со ова залагање си го нанесоа својот најголем пораз и веруваме дека после овие избори ВМРО-ДПМНЕ че биде најголемиот застапник за „Македонија - една изборна единица“, секако доколку има таму некој кој може да напрвави едноставна анализа на работите

Уште еднаш го потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ дека патриотизмот не е во паролите ниту во натписите на маицитем туку во конкретните дела и чекори за кои се залагаме“, гласи реакцијата на ВМРО-НП.

Партијата на поранешниот премиер на Македонија како дел од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде застапувана од Љубчо Балковски како пратеник во македонското Собрание.

Слично

Поврзани вести