Љубчо Георгиевски: „Гробарите“ се претставуваат како четници, а „Комитите“ како титови партизани и грчки андарти
Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски ја коментира случката со навивачките групи, српската и македонската кои неодамна си разменија навреди.
„Цинизам на историјата: „Гробарите" како фанови на СК Партизан( клуб формиран од југословенските партизани,комунисти) се преставуваат како четници. „Комитите" како фанови на СК Вардар( со дресови во бои на знамето на ванчовистичкото Вмро) се преставуваат како титови партизани и грчки андарти(со знамето од Вергина)“, пишува тој на социјалните мрежи.

На ракометен натпревар меѓу Партизан и Вардар во Белград навивачката група на Партизан, „Гробари“ упати тешки националистички навреди кон македонскиот народ. На почетокот на средбата, Гробари извадија грчко знаме, за потоа преку транспарент да порачаат дека Македонците имале криза на идентитетот.
Комити на сите провокации возвратија со „Живо ви е кралството – колку и другарството“.
